Србија го одбележува Денот на државноста
Во Србија денеска се одбележува Денот на државноста во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога во Орашац започна Првото српско востание за ослободување од Турците, а на истиот ден во 1835 година е прогласен првиот Устав кој го означи и почетокот на современата државност.
Српскиот Парламент на 10 јули 2001 година одлучи да се прославува Денот на државноста, кој од 2012 година се празнува два дена - на 15 и 16 февруари.
Во Старото собрание во Крагуевац денеска ќе се одржи Академија „Кнежев запис“, на која ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во Орашац, претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ ќе положат венци на споменикот на водачот на Првото српско востание, Ѓорѓе Петровиќ - Вожд Караѓорѓе (1762-1817).
По повод Денот на државноста, претседателот на Србија во зградата на Претседателството во Белград ќе им додели признанија на заслужни поединци и институции.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ ќе положат венци во црквата „Св.Ѓорѓе“ во Опленац.
Ново на Сител
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
