Loading Video...
Балкан
2. April 2020 - 21:01

Србија ги засилува забраните за движење

Србија ги засилува забраните за движењe. Полицискиот час од сабота од 13 часот ќе трае до 5 часот наутро во понеделник. Се забранува и собирање на повеќе од две лица. Според српскиот претседател Вучиќ, викендите прават најголеми проблеми во ширењето на вирусот Ковид-19.

Властите очекуваат во следните 72 часа бројот на заболени, но и на смртни случаи значително да се зголеми. Во моментот 81 човек во Србија е на респиратори.

Вучиќ вели дека шансата за преживување кај луѓето кои ќе завршат на респиратори е многу мала.

Сепак, ќе се остави простор од два часа, оние кои имаат кучиња да можат да ги прошетаат своите миленици.