Србија ги повика членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето за прием на Косово

На пленарната седница на Извршниот совет на УНЕСКО денеска би требало да се гласа за предлогот на Албанија и група држави за прием на Косово во оваа организација, но Србија ги повика членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето.
Доколку предлогот биде усвоен, тогаш за приемот на Косово ќе одлучува Генералната конференција на УНЕСКО, каде одлуките се донесуваат со двотретинско мнозинство меѓу 195-те членки, од кои 111 ја признаа независноста на Косово, а 84 не ја признале.
Српскиот државен и црковен врв и претставници на САНУ, на вчера одржаниот систанок во зградата на Претседателството ги повикаа членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето на Косово и на земјите кои го поддржуваат тоа барање.
Во заклучоците од состанокот е укажано дека српските цркви и манастири на Косово се наследство на Српската православна црква и на Република Србија и оти секое одземање на тоа наследство би значело „недвосмилесно загрозување на опстанокот на најважните религиски, културни и историски споменици на српскиот народ, но и на европското и светското културно наследство на Косово и Метохија, но и на српското население кое и натаму живее на тоа подрачје“.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
