Срамно: Поради кусур не прегледале 18-месечно болно бебе!

Медицинска сестра во Детскиот одел на здравствената болница во Прокупље одбила да прими 18-месечно бебе на преглед само затоа што немала ситни пари за да врати кусур. Како што вели разочараната мајка Невена Томиќ Стојановиќ од Ниш родена во Прокупље за време на државниот празник одлучила да го посети родното место.
Не мислела дека ќе се случи нешто неочекувано па затоа со себе не ја земала здравствената книшка, иако бебето имало регуларно осигурување.
Меѓутоа во попладневните часови на 15. февруари, бебето почнало да повраќа и добило дијареа, па одлучиле да побараат совет од лекар.
- На шалтерот во Детскиот одел на здравствената болница имаше две сестри. Кога им објаснив дека сум од Ниш и дека не ја носам здравствената книшка, ми беше кажано дека мораме да платиме 357 денари за да ја прегледа дежурниот лекар - ја започнува приказната мајката, која во тие моменти не размислувала за пари и не видела ништо необично за кое би требало да плати.
Меѓутоа, проблем настанал како што вели таа кога дала банкнота од 1.000 динари.
- Кога ги дадов парите сестрата ми рече дека нема ситно и дека мора да ги раситнам парите. Почнав да пребарувам во џебовите, па заедно со мојата сестра која беш со мене успеавме да собереме 200 динари, но за сестрата на шалтерот тоа беше неприфатливо - тврди Невена.
Таа нагласува дека се обидела да плати со картичка и со евра, но медицинската сестра не прифатила.
- Инсистираше да и дадам ситни пари, и рековме дека ќе и донесеме пари по прегледот но не помогна и тоа, седеше на шалтерот и не сакаше да разговара повеќе - додава Невена. Тврди дека не и останало ништо друго освен да се врати за Ниш, 30-тина километри од Прокупље за да ја земат здравствената книшка.
За среќа, се воспоставило дека се е во ред со бебето, но загрижената мајка се прашува што доколку тоа не било така.
- Само се прашувам колку вреди детскиот живот и дали ќе се стави крај на ваквото однесување на луѓето кои земаат пари од државната каса, а малтретираат беспомошни граѓани. Дали истото тоа би го направила да се работи за дете на некој нејзин близок роднина или пријател. Разочарана сум од оваа случка - додава огорчената Невена која писмено за овој случај го известила директорот на болницата, како и министерството за здравство.
Директорот на болницата тврди дека не е запознаен со случајот и дека не може да каже за што станува збор. Додал дека е нагласено бебиња да се примаат на преглед без разлика дали имаат здравствени книшки или не, дури и родителите да немаат да платат за прегледот во моментот.
- Прв пат слушам за ова и не можам да тврдам ништо. Искрено до сега немаме добиено жалби и поплаки за работата на Детското одделение, но доколку постоеле пропусти, одговорните ќе бидат казнети - изјавил директорот Орбовиќ.
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
