Македонија
21. August 2016 - 16:30

Спуштена завесата на годинашното 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со композиции од театарски претстави на Горан Трајковски создадени во периодот од 2003 до 2013 година насловени.

На светот убавина се спушти завесата на 56 тото издание на најпрестижната манифестација Охридско лето.

Според изјавите на стручната критика но и според странската и домашната публика се реализира уште едно успешно богато фестивалско издание.

Овааа година фестивалот беше препознатлив и по Летната академија на која покрај учеството на светски уметници и ансамбли голем број на музичари од Македонија имаа можност да бидат дел од семинарите.

На програмата беа застапени преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница.