Спсовски: Безбедносната состојба е стабила, најголем предизвик се економската и енергетската криза
Имаме стабилна безбедносна ситуација без индикации за нејзино нарушување во државата. Нема зголемување на број на влез во државата од било која страна. Состојбата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје е исто така мирна и стабилна, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој оцени дека овде најголемиот предизвик ќе биде енергетската, економската криза, кон која, како што нагласи, треба да биде насочен фокусот на Владата, на локалните самоуправи, на институциите генерално и на сите граѓани, за заеднички да излеземе уште посилни од ваква состојба.
– Имаме постојана комуникација на домашните и партнерските служби, заедно работиме и во тој дел граѓаните треба да бидат спокојни. Институциите функционираат и нема ништо што во тој дел може да не загрози, а будно ќе ги следиме сите состојби што се на регионално ниво и оние што се поврзани со состојбата во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по посетата на реконструираниот објект на Полициската станица – Карпош во Скопје.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува