Спроведени повеќе од 4.500 контроли на плажите во цела Грција, изречени казни од над 800.000 евра
По добиени над 4.500 пријави од граѓани за неправилности на повеќе од 150 плажи во цела Грција, надлежните органи од Министерството за национална економија и финансии во соработка со полицијата и општините, во изминатите три седмици спровеле контроли и биле изречени казни во висина од над 800.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за национална економија и финансии на Грција соопштија дека пријавите биле и телефонски и преку специјалната апликација „MyCoast“, а контролите опфатиле над 750 бизниси на плажи во земјата, а најголемиот број се однесувале на Халкидики, Крф, Атина, Превеза, како и островите во Егејското море.
-Општата слика од масовните контроли во последните седмици е јасно подобрена во споредба со претходните години, бидејќи поголемиот дел од бизнисите кои работат на плажите ги почитуваат новите правила и новата законска рамка.
Сепак, од проверката на пријавите произлегоа и доста прекршувања, како што се недостиг на ознаки и пречекорување на зафатениот простор со дополнителни чадори и други градби, како и случаи каде доплнителниот зафатен простор бил произволен без договор за концесија, соопштија од грчкото Министерство.
Најмногу пријави имали за регионот на Халкидики, вкупно 1. 396 претставки, по што биле извршени контроли на осум плажи и 38 бизниси и биле констатирани осум прекршоци.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори