Македонија
22. July 2019 - 16:26

Спротивставени извештаи на пратениците и Народниот правобранител за условите во затворите

Затворениците живеат во не стандардни услови, таму владее корупција, осудениците  плаќаат за подобар кревет, поткупуваат за да дојдат до  телефон или дрога. 

Народниот правобранител  тврди дека во затворите нема ниту еден гинеколог или стоматолог иако тоа се најчестите здравствени проблеми со кои се соочуваат затворениците.

Во одделението за малолетници во Охрид децата се физички малтретирани. Заменичката на Омбусманот пред собраниската анкетна комисија обзнани случај во кој дете било тепано со гумена палка.

Состојбата била констатирана  само три дена откако пратениците го посетиле овој затвор за кој утврдиле дека во него условите се најдобри во однос на штипскиот и затворот во Идризово.

 Според пратениците, затворите во државата тонат во долгови  и потребни им се повеќе пари. Утврдиле дека тешко се одвива ресоцијализација, неформалното образование а осудениците имаат проблем и со храната и лекарски третман кој им се нуди. Спротивно на извештаите на народниот правобранител, според пратеничката група во затворските ќелии нема тортура и насилство. 

За долговите потврдија и од управата за санкции која утврдила дека претходното раководство ги задолжило затворитер со 148 милиони денари, пари кои ги враќале последниве две години. Оттаму признаваат дека проблем се лекарите кои ги нема во доволен број, а за храната тврдат дека била квалитетна.

Опозицијата тврди дека проблемот е поширок и акцентот го ставаат на целокупната состојба во општеството.

Пратеничката група посетИТЕ ГИ извршиле во периодот од јуни лани до јули оваа година.

Директорот на затворот во Шутка им порача да направат обиколка во овој КПУ по што порача дека не ќе можат да се соземат со месеци  по она што ќе го видат. Токму овие ќелии ќе бидат оценувани од  Делегацијата на ЕУ за прогресот во делот на реформите во правосудството. Платите на затворската полиција истакна дека се многу пониски од оние на обичните полицајци иако се соочуваат со поголема опасност на работното место.