Македонија
18. December 2020 - 15:39

Спречена тешка кражба од возила во Скопје, приведен крадецот

Полициски службеници од Полициската станица Карпош утрово во 04.30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје, го лишиле од слобода A.Б.(41) од с.Бардовци, скопско, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“.

Како што соопшти МВР, околу 03.45 часот на ул.„Дрезденска“, полициски службеници го забележале 41-годишниот скопјанец при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети.

По целосно документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.