Спречен обид за внес на кокаин, хашиш и марихуана во државата, приведени три лица I ВИДЕО
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при БЈБ и Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово, во содејство со мобилен тим при Царинската управа на 26.06.2022 во временскиот период од 00.30 до 03.00 часот од страна наГраничен премин „Табановце“ при влез во државата лишени од слобода се А.Г.(40), Т.Д.(39), двете од Скопје и А.Б.(36) од Тетово.
Од МВР информираат дека, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со холандски национални ознаки, управувано од Т.Д., во кое сопатници биле А.Г. и А.Б. и при претрес во возилото биле пронајдени три пакувања со вкупно 204 грама кокаин, наменет за улична продажба каде би достигнал вредност од околу 15.000 евра, 1 пакување со хашиш, три пакувања со марихуана и мешавина на тутун со хашиш.
Лицата се приведени во полициска станица во СВР Куманово, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана