Спречен обид за увоз на месо со поминат рок

Во царинската испостава Гевгелија е спречен обид за влез во државата на 877,94 килограми замрзнато говедско месо без коска со поминат рок на употреба и со вредност од 2.728,10 евра.
При детален преглед на месото кое е со потекло од Бразил, а било наменето за увозник од Струмица, царинските службеници од налепниците на пакувањето на месото утврдиле дека се работи за стока со поминат рок на употреба.
За наодот била известена Агенцијата за храна и ветеринарство, Сектор за испекциски надзор ПЕ Гевгелија, која веднаш излегла на терен и по нивните наоди било изготвено решение за забрана за пуштање на стока во слободен промет која е небезбедна за здравјето на потрошувачите, а увозникот е задолжен да ја уништи стоката.
Против увозникот е покрената прекршочна постапка со мандатно казнување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
