-->
-->
Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП Меџитлија | ФОТО
-->
На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.
- Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, стои во соопштението од Царинската управа.
Непријавените производи, се подвлекува, се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница