-->
-->
Спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит на ГП „Богородица“
-->
– Царинската управа соопшти дека вчера, во вечерните часови, на граничниот премин „Богородица“ бил спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит.
Случајот го разоткриле царинските инспектори од мобилните тимови на Одделението за оперативни работи на Царинската управа. При спроведената детална контрола на камион со македонски регистарски таблички кој пренесувал стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен и 2 408 грама сребрен накит.
Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска