Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило управувано од косовски државјанин. По извршената контрола, Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.
- Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии, велат од Царинската управа.
Со ваквиот начин на транспорт, како што предупредуваат од Царинската управа, се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.
- По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите, истакнуваат од Царинската управа и додаваат дека ќе продолжат со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц на лекови и заштита на јавното здравје.
МИА
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци