Спортски викенд „Илинден 2015“

Традиционален Спортски викенд „Илинден 2015“ под мотото „Ние навиваме за Македонија“ ќе се одржи денеска и утре во општина Илинден.
На Спортскиот викенд, кој ќе се одржи во рамки на одбележувањето на Денот на општина Илинден „Илинден 2 Август“, ќе учествуваат над 800 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: велосипедизам, шах, фудбал, кошарка, тенис и штафетно трчање.
Централно место на Спортскиот викенд ќе има професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2015”, која е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. „Трофеј Илинден 2015” има интернационален карактер бидејќи на оваа трка настапуваат велосипедисти од повеќе држави.
Стартот на годинашната трка е закажан утре (26 јули) во 16 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што е и целта, а се возат 4 круга низ населените места на општина Илинден, Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино. Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри. Се очекува да настапат 75 велосипедисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории, мастерс, кадети, јуниори, жени и елит.
На професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден“, како и секоја година, ќе и претходи велосипедската трка за рекреативци во должина од 5 километри, на која можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од возраста.
Во рамки на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи турнир во шах, во соработка со Тениската федерација на Македонија, турнир во тенис, потоа турнир во голем фудбал што се реализира во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз, турнир во кошарка, а значајно место на Спортскиот викенд зазема и штафетното трчање, на кое се очекува да се натпреваруваат над 200 ученици во штафетното трчање, во трките на 200, 400, 600 и 4Х800 метри.
Покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, спортска опрема, копачки, маици со мотото на Спортскиот викенд „Ние навиваме за Македонија“.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
