-->
-->
Спортски риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион алармираат за загадување на водите на река Брегалница од локални фарми
-->
Пенлива река и неподнослива реа на измет од животни. Ова е сликата која ја забележаа спортските риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион на реката Брегалница, кои велат дека загадувањето е најзабележливо на 20 километри од брана Лошана.-На околу 20 километри од фармите за свињи водата има неподнослив мирис а се забележува и бела пена во водата. Ова не е прв пат да се труе животинскиот свет во овој дел од течението на река Брегалница. Се трујат рибите без некој да одговара за тоа, велат риболовците.

Сомнежот за загадувањето го поткрепуваат со фактот дека на местата каде нема загадување, водата е бистра и чиста.
-Случајот ќе биде пријавен до надлежните, од каде очекуваме разврска и санкционирање на загадувачите, додаваат риболовците.
Надлежните најавија зајакнати контроли долж целото речно подрачје, со цел утврдување на фактичката состојба на терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
