Спортската јавност во Охрид тагува за голманот Даниловски
Веста за трагичната смрт на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски ја потресе охридската спортска јавност.
Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, како и сочувство до семејството на младиот голман.
„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката од РК Охрид.
Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а има настапувано уште и за битолски Пелистер. Повремено беше и голман во националниот ракометен тим.
Беживотното тело на младиот спортист утрово било пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај туристичката населба Лагадин. Според првичните информации од увидот, на телото немало траги од насилство.
Екипа на СВР Охрид во присуство на јавен обивнител извршила увид на лице место, а истрагата треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.
Ново на Сител
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите