-->
-->
Во продажба билетите за гостувањето на македонските фудбалери против Украина во Прага
-->
Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од денеска можат да купат билет за гостинскиот натпревар кој избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го одиграат овој месец против Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.
Билетите, како што соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), се по цена од 300 чешки круни, или приближно 755 денари, а ќе можат да се купаат електронски.
Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Украина на 14 октомври, од 15 часот, во Прага на Арената „Летна“ со капацитет од 18.000 седишта.
Македонската репрезентација е четвртопласирана во квалификациската група Ц со седум бодови, колку што има и Украина едно место погоре на табелата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со магла по котлините