Фудбал
16. October 2023 - 9:10

Турција го искористи киксот на Хрватска и се пласираше на ЕП 2024

Репрезентацијата на Турција синоќа ја совлада Летонија со 4:0 на домашен терен во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024.

Двоен за домаќините постигна Ченк Тосун, а по еден гол постигнаа Јунус Акгун и Керем Актуркоглу.

Во исто време Велс на домашен терен ја совлада Хрватска – 2:1. Два гола за Велшаните постигна Хари Вилсон, а единствениот хрватски гол Марио Пашалиќ.

Турската репрезентација која води во групата Д со 16 бодови обезбеди пласман во завршната фаза на ЕП 2024. Велс е на второто место со 10 бодови, Хрватска на третото место има исто така 10 бода, следува Ерменија со 7 и Летонија со 3 бода.