Сопственикот на Астон Мартин против проширување на Ф1
Сопственикот на тимот Астон Мартин, Лоренс Строл, се противи на проширување на Формула 1 од сегашни десет на 11 тимови, со образложение дека „Ф1 никогаш не била во подобра состојба“.
Реакцијата на првиот човек на Астон Мартин доаѓа откако Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ја одобри кандидатурата на Андрети Формула Рејсинг и ја проследи до носителите на комерцијалните права на разгледување
– Мислам дека Ф1 во овој момент гори, никогаш не била на подобро место. Моето мислење е дека моторот не треба да се поправа ако не е во дефект. Значи, цврсто верувам дека сега сè функционира добро со десет екипи и верувам дека така треба и да остане, изјави Строл за „Скај Спорт“.
Андрети ја здружи својата кандидатура со „Џенерал Моторс“ и нивниот бренд „Кадилак“, а желбата им е да влезат во натпреварувањата во Ф1 во 2025 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција
-
Бројни концерти во шпицот на сезоната