Работнички со пораз ги почна квалификациите во ФИБА Еврокупот
Кошаркарките на скопски Работнички со убедлив пораз го почнаа настапот во квалификациите за пласман во групната фаза во ФИБА Еврокупот, откако вечерва во СРЦ „Кале“ загубија од романски Рапид со 57-87 (41-45).
Работнички одржуваше резултатската неизвесност до почетокот на второто полувреме кога при резултат 47-47, романскиот состав заигра многу поквалитетно и до крајот на третата четвртина дојде до двоцифрена предност (55-66).
Играта на Работнички целосно се распадна во последната четвртина во која постигна само два поени и на крајот претрпе убедлив пораз.
Најефикасни во редовите на Работнички беа Ѓорѓе Џелатовиќ и Дмитрик Трајс со по 15 поени.
Најтрофејниот македонски клуб е дел од групата А во која за првото место кое води во главната фаза за противници ги има и Донар Гронинген од Холандија и Сабах од Азербејџан.
Во воведниот натпревар во групата А, Сабах триумфираше над Гронинген со 75-72.
Работнички утре во рамки на второто коло, со почеток во 20:30 часот ќе игра против Сабах.
Вториот македонски претставник во квалификациите во ФИБА Еврокупот, Феникс 2010, својот дебитантски настап ан евросцената ќе го почне утре во рамки на групата Е во која се германски Росток и домаќинот Керавнос од Кипар.
Ново на Сител
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан