Фудбал
6. October 2023 - 9:53

Пресврт: Навивачите на Аек со транспарент „Косово е Албанија“ | ФОТО

На натпреварот помеѓу АЕК и Ајакс во Лига Европа, домашните навивачи извадија транспарент кој гласи „Косово е Албанија“.

Српските медиуми, речиси без исклучок пишуваат дека се непријатно изненадени од Грците со кои вообичаено имаат одлични односи.

Уште почудно е тоа што пред неколку години, истите навивачи имаа транспаренти против Албанија.

Фотографијата веднаш се рашири на социјалните мрежи и предизвика голем број реакции и тоа дека добиле нож во грб од нивните „браќа“.