Меси не исклучува настап на СП 2026
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 36-годишниот Лионел Меси сè уште не ја исклучува можноста да ја брани титулата светски првак со Аргентина на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Меси во интервју за аргентинските медиуми рече дека во преден план кога е во прашање репрезентацијата му е настапот на Копа Америка.
„Сакам на следното издание на Копа Америка да дојдам во добра состојба и форма и во согласност со тоа ќе ги носам натамошните одлуки“, изјави Меси.
Одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да настапи на Мундијалот 2026, Меси рече дека сè уште е рано за конечна одлука.
„Не размислувам сè уште за тоа. Годините минуваат и морам од ден за ден да видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.
Аргентинскиот фудбалер сезонава настапува за Интер од Мајами и во воведните четири натпревари во МЛС лигата постигна еден гол и додаде две асистенции.
Ново на Сител
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
