-->
-->
Меси бара од Интер Мајами да го ангажира Модриќ
-->
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ може да ја продолжи кариерата во американската МЛС, пренесува „Кадена Сер“.
Триесет и осумгодишниот Хрват би можел да се пресели во Интер Мајами. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лионел Меси побара од раководството на клубот да го ангажира Модриќ.
Хрватот летово го продолжи договорот со Реал до крајот на сезоната 2023/24. Во тековната сезона одигра седум натпревари за „Кралскиот клуб“ без да постигне гол.
Во шпанските медиуми многу често по почетокот на сезоната се пишува за незадоволството кај Модриќ од изгубениот статус на стандарден играч во почетниот состав, додека стручниот штаб не е задоволен од изданијата на ветеранот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
