-->
-->
Македонската репрезентација напредуваше две места на најновата ФИФА ранг-листа
-->
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија бележи прогрес од две позиции на рејтингот на ФИФА. На септемвриската ранг-листа објавена денес „Црвено-жолтите“ се најдоа на 66. место со 1.362,95 бода.
Напредокот од 68 на 66-та позиција се должи на победата над Малта и нерешениот исход со Италија во септемвриските квалификации.
Од противниците на Македонија во Ц-групата од еуро-квалификациите, најдобро котира Англија - 4. место, Италија е 9-та, Украина се најде на 24.место, додека Малта е 171-ва.
Во ТОП 10 последователно се: Аргентина, Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Португалија, Италија и Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор