Мајнц суспендираше фудбалер поради објава поврзана со војната меѓу Израел и Хамас
Германскиот фудбалски клуб Мајнц го суспендираше денеска холандскиот напаѓач Анвар ел Гази (28) поради „неприфатлива“ објава на социјалните мрежи во врска со војната меѓу Израел и движењето Хамас.
Мајнц на својот официјален сајт објави дека го „разрешил Анвар ел Гази од неговите обврски за тренинг и натпревари“ поради објавата која ја сподели на социјалните мрежи во неделата, а потоа ја избриша.
Германскиот клуб не наведе што пишувало во објавата, ниту пак кога фудбалерот ќе се врати на клупските обврски.
„Во објавата, Ел Гази изнесе мислење за актуелниот судир на Блискиот исток кое клубот го смета за неприфатливо. Пред донесување на одлуката, клубот и играчот одржаа темелен разговор“, објави Мајнц.
Претходно денеска францускиот клуб Ница го суспендираше својот играч Јусеф Атала, кој, наводно, споделил видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина во врска со судирот во Израел и Појасот Газа.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила