Мајнц суспендираше фудбалер поради објава поврзана со војната меѓу Израел и Хамас
Германскиот фудбалски клуб Мајнц го суспендираше денеска холандскиот напаѓач Анвар ел Гази (28) поради „неприфатлива“ објава на социјалните мрежи во врска со војната меѓу Израел и движењето Хамас.
Мајнц на својот официјален сајт објави дека го „разрешил Анвар ел Гази од неговите обврски за тренинг и натпревари“ поради објавата која ја сподели на социјалните мрежи во неделата, а потоа ја избриша.
Германскиот клуб не наведе што пишувало во објавата, ниту пак кога фудбалерот ќе се врати на клупските обврски.
„Во објавата, Ел Гази изнесе мислење за актуелниот судир на Блискиот исток кое клубот го смета за неприфатливо. Пред донесување на одлуката, клубот и играчот одржаа темелен разговор“, објави Мајнц.
Претходно денеска францускиот клуб Ница го суспендираше својот играч Јусеф Атала, кој, наводно, споделил видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина во врска со судирот во Израел и Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава