Годинашното издание на Скопје Опен воедно и Балканско првенство во шах
Годинашното издание на традиционалниот турнир Скопје Опен воедно ќе биде и Балканско првенство, објави денеска Шаховската федерација на Македонија (ШФМ).
Скопје Опен 2023 ќе се одржи од 5 до 12 декември во организација на Шаховскиот сојуз на Град Скопје, а со поддршка на ШФМ, Светската шаховска федерација (ФИДЕ), Агенцијата за млади спорт и Балканската шаховска федерација.
-Турнирот ќе биде поделен во две категории, Опен А за шахисти со над 2.000 рејтинг поени и Опен Б за шахисти до 2.000 рејтинг поени, а за прв пат Скопје Опен ќе претставува и официјално Балканско првенство за оваа година, соопшти ШФМ.
Наградниот фонд на Скопје Опен 2023 изнесува 15.050 евра, а предвидени се дополнителни награди за најдобро пласираните шахисти од федерациите членки на Балканската шаховска федерација.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори