-->
-->
Ѓоковиќ ја започна 392. седмица како лидер на АТП листата
-->
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 392-та недела на првото место на АТП ранг-листата.
На денешното рангирање најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ остана на врвот со 11.795 поени пред второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија кој има 8.535 поени.
Следува ривалот на Новак од финалето на УС Опен, Данил Медведев со 7.280 бодови, а четвртото му припаѓа на Холгер Руне од Данска, кој е далеку зад водечката тројка со 4.710 бодови.
Во Топ 10 се и: Стефанос Циципас (Грција) со 4.615 бодови, Андреј Рубљев (Русија) со 4.515, Јаник Синер (Италија) со 4.465 поени, Тејлор Фриц (САД) со 3.955, Каспер Руд (Норвешка) со 3.560 и Александар Зверев (Германија) 3.030 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи