Тенис
13. October 2023 - 9:42

Алкараз за турнирите во Кина: Повеќе се учи од порази отколку од победи, ова патување ме научи многу лекции

Карлос Алкараз кажа по што ќе го памти патувањето во Кина. Шпанскиот тенисер загуби во полуфиналето во Пекинг и во четвртото коло на турнирот во Шангај.

- Секогаш велам дека повеќе учиш од порази отколку од победи. И ова патување ме научи многу лекции. Мислам дека играм одлично и покрај поразите. Сега треба целосно да тренирам за Базел, мојот следен турнир. Ќе се обидам таму да го покажам најдоброто од себе, Алкараз.

На денешната АТП ранг-листа, 20-годишниот Алкараз се наоѓа на второто место со 8.805 бодови, зад лидерот Новак Ѓоковиќ кој во моментов има 11.045 бода.