Фудбал
19. October 2023 - 10:41

Ал Хилал со поддршка до Нејмар: Врати се посилен

Ал Хилал објави порака со поддршка до Нејмар по повредата што ја заработи бразилскиот фудбалер на натпревар националниот тим против Уругвај.

На Нејмар констатирани му се скинати вкрстени лигаменти и оштетен менискус на левото колено.

– Лекарскиот преглед покажа дека Нејмар се здобил со скинати вкрстени лигаменти и ’рскавица. Подоцна ќе биде опериран, по што ќе биде одредена програма за лекување и период на закрепнување. Врати се посилен, се вели во соопштението.

Триесет и едногодишниот Бразилец беше заменет со Ричарлисон на крајот од првото полувреме од квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (0:2) одигран вчера. Тој на носилка беше изнесен од теренот.