Според Весна Бејби: Курва е жената што пегла, пере, работи, готви

Со синглот „I will survive“ од Глорија Гејнор, Весна Петрушевска – Бејби затсиноќа го почна премиерното шоу „Стендап комеди“ во ноќниот клуб „Парадизо“. Гостите, меѓу кои имаше и познати лица – Каролина Гочева, Брејк со сопругата Драгана Колопчевска, браќата Тавитијан, Огнен Неделковски, актерката Ирена Ристиќ… Бејби успеа да ги насмее до солзи.
Инспирирана од секојдневието, ги чепна колегите, пејачите, новинарите, позицијата и опозицијата, предизборните кампањи, многуте владини реклами, кошаркарите, хрватската дива Северина, љубовта и сексот, хомосексуалните врски… само за да ужива во глетката од насмеани лица.
Многу научни истражувања покажале дека водењето љубов предизвикува стрес. Затоа скопските фраери не даваат, не сакаат психолошки да се оболат. Педер не е маж што спие со друг маж, туку педер е маж што ги носи децата на училиште, во градинка, се грижи за сопругата, не расфрла валкани алишта, туку го прибира во кантата за нечисти алишта, не оди по други жени, помага околу домашните обврски… Ама секоја жена копнее да си најде еден таков педер за по дома. Курва е жената што пегла, пере, работи, готви, оди на фризер еднаш неделно, курва е жена што дава, ама и таа што не дава. Пејачките, актерките, новинарките, секако, дека се курви, инаку од кај би ги познавале сите ако не се такви… Само дел од скечовите на Весна Петрушевска
Секако, Бејби не заборави да се пошегува и на своја сметка, па дел од скечовите си ги посвети себе. На крај не заборави да порача и дека за сѐ што спомена нема лутиш, да не случајно некој се навреди, оти целта не и била таква, туку сакала барем на два часа присутните да ги опушти и разведри.
– Драго ми е што дојдовте во толку голем број. Се надевам дека добро ве насмеав и ако ви беше убаво, ќе дојдете пак. Немав цел никого да навредам и повредам, само сакав да гледам насмевки на вашите лица. За крај само ќе ви кажам дека трагичната смрт на нашиот ангел Тоше Проевски е пример дека животот е многу краток и треба да се потрудиме да го живееме убаво – рече Весна, одјавувајќи се со синглот „Још увек сањам да смо заједно“.
Извор: Република
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
