Според обложувалниците, шансите на Клинтон се 80 отсто
Последното истражување на јавното мислење објавено од институтот Ипсос во петокот, и дава предност од само 5 процентни поени на демократката Хилари Клинтон пред кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, пред утрешните претседателски избори во САД.
Букмејкерите пак, се многу поубедени во победата на Клинтон, јавува БТА. Голем дел од нив, нејзините шанси за победа ги проценуваат на над 80 отсто.
Така на пример, британските обложувалници „Бетфер“ и „Ладброукс“ и ирската „Пади паур“ сметаат дека веројатноста Клинтон да победи е 83 отсто.
До вчера, во „Бетфер“ се заложени 130 милиони долари, речиси три пати повеќе во однос на претходните претседателски избори во САД во 2012.
За гласањето за Брегзитот, за споредба, вкупниот сума влогови изнесувала 159 милиони долари.
Ново на Сител
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул
-
Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
-
Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути