Според „Numbeo“: Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот
Врз основа на средногодишниот индекс на Numbeo, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот.
-Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека, јави Ора њуз.
Numbeo го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.
Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана.
Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.
-Глобалниот бран на поскапувања ги зголеми трошоците за живот насекаде во светот. Оваа инфлација, која во најголем дел не е придружена со зголемување на приходите, се очекува да ја зголеми сиромаштијата насекаде во светот, констатира телевизијата.
Ново на Сител
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори
-
Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта
-
„Скајп“ отиде во историјата
-
Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки
-
Почнува Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
-
Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје
-
Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско