Според италијански новинар папата рекол дека нема пекол и душите на оние кои нема да се покајат, исчезнуваат
Нема пекол, во кој душите на грешниците страдаат вечно. Оваа изјава му се припишува на папата Франциско од новинар од италијанскиот весник "Република", кој правел интервју со него, јави ДПА.
По смртта душите на луѓето, кои ќе се покајат, добиваат простување од Бог, рекол папата во интервјуто. Тој дополнил дека „оние кои нема да се покајат, не можат да бидат помилувани и исчезнуваат“.
- Пеколот не постои. Она што постои е исчезнувањето на грешните души, рекол Франциско.
Папата бил интервјуиран од Еуџенио Скалфари, 93-годишен италијански новинар и атеист, кој редовно размислува за верата и религијата и кој има пристап до лидерот на Католичката црква.
Во минатото вистинитоста на изјавите, припишувани на папата, беа знак на прашање, особено откако Скалфари призна дека никогаш не користи диктафон за време на интервјуата.
Во одговор на новото интервју на папата, објавено во весникот „Република", прес-службата на Ватикан издаде соопштение во кое вели дека цитатите кои се користат од Скалфари не можат да бидат директно припишани на папата, туку се „реконструирани според помењето на новинарот".
Ново на Сител
-
Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал
-
Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот
-
Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија
-
Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите
-
Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски: Целокупната тендерска документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство