-->
-->
СПМ: Велигден е потврда за искрената и длабока верба кон МПЦ-ОА
-->
Овој голем христијански празник е убава пригода за потврда на нашата искрена и длабока верба во Македонската православна црква која и понатаму ќе продолжи со ширењето и јакнењето на верата, во обновувањето и зацврстувањето на внатренационалното разбирање и меѓунационалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален македонски идентитет.
Затоа што со цврста верба, само единствени можеме нашата Татковина да ја направиме поубава во сегашноста и иднината.
Нека ни е честит Великиот ден - Воскресение Христово и нека Господ нè дарува со сила, верба и благослов, за да го сочуваме и негуваме она што ни го дал како само наше македонско наследство и да ја благослови Македонија, се вели во соопштените на СПМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
