Македонија
16. February 2024 - 9:41

СПМ: Убедувањата дека 100 милиони денари ќе бидат наменети за две плати на вработените се покажаа како невистинити

Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека уште од декември 2022 Советничката група на Коалицијата "Обнова на Македонија" бараше извештај за ЈСП – Скопје да се утврди каде одат огромните суми на пари кои Град Скопје ги исплаќа на ова претпријатие. Извештај не се доби.

Во септември 2023. токму советникот на СПМ, поддржан од Советничката група "Обнова на Македонија", укажуваше дека не треба да се исплаќаат дополнителни субвенции кон ЈСП, се додека не се провери целокупната финансиска состојба во тоа претпријатие.

За жал по барање на Арсовска коалицијата СДС/ДУИ/ГРОМ/Левица, даде подршка на ваквите субвенции.

Убедувањата дека 100 милиони денари ќе бидат наменети за две плати на вработените се покажаа како невистинити.

На почетокот на оваа година вработените со право штрајкуваа за плати. Сепак и при такви услови на неосновани обвинувања дека сме против исплата на плати на вработените, штитејќи ги парите на граѓаните, одбивме да гласаме без никаква контрола да се исплатат 700 милиони денари субвенции на ЈСП.

Твредењата на Арсовска и директорот на ЈСП дека парите ќе бидат наменети за плати на вработени до крајот на 2024. излегоа уште една во низате лаги изречена од неспособното градско раководство.

Социјалистичката партија на Македонија прашува каде се сега парите на граѓаните? 

Дали ЈСП ги доби изгласаните субвенции од скоро 700 милиони денари?

Ако ги доби, каде се платите на вработените? 

Ако не ги доби, тогаш дали е точно дека Буџетот на Град Скопје нема средства за тековно да ги сервисира потребите? 

Дали е ова менаџирањето на Арсовска?

Или сепак причината е во нерасчистените односи помеѓу два безначајни политички субјекти, еден градоначалнички и од скоро купен, другиот исто така градоначалнички и потонат во криминал, кои всушност владеат со главниот град, односно со огромните финансиски средства. Или тие релации градоначалничка-директор на ЈСП по потреба се расчистуваат врз грбот на вработените и граѓаните на Скопје.

Социјалистичка партија на Македонија смета дека е крајно време Арсовска да си поднесе неотповиклива оставка. Воедно, ги информираме граѓаните на Скопје дека после 8-ми мај ќе бидеме во можност, преку законски предвидени средства, да влијаеме во надминување на проблемите кои ги наметна Арсовска.