СПМ: СДСМ, ДУИ и Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира
Социјалистичката партија на Македонија изјавата на вицепремиерот Маричиќ за отворениот пат на кој ,,само ќе ги спроведуваме обврските" ја оценува најмалку за несмасна и неодговорна. Едноставно зачудувачка е несериозноста на членовите на, по многу што, делегитимираната Влада.
Очигледно е дека Маричиќ ја потценува опозицијата, дотолку повеќе што воопшто не ги ни зема предвид нејзините ставови и барања, подеднакво и на граѓаните кои се на линија на заштита на државните интереси на Македонија.
Според Маричиќ следи дека патот кон ЕУ за него е отворен што не е точно. Изјавата е лажење на народот со оглед дека патот не само што не е отворен туку е значително условен. Може да се отвори процесот ако се прифатат бугарските неразумни барања што е непримерно за денешно време..
Условот за промена на македонскиот Устав и другите идентитетски прашања, кои тој ги нарекува „наши обврски“, се најсложени барања што и се поставуваат на Македонија.
Затоа што се бара таа да се самоуништи и да се обезличи заради ескалацијата на бугарската освојувачка политика и нејзиниот санстефански фашизоиден сон.
Опозицијата со право не го прифаќа срамниот ЕУ бугаризиран предлог и затоа бара промени со кои ќе се понесе одговорност од министрите кои како Маричиќ лажат и ја потценуваат опозицијата и интелигенцијата на народот.
Народната воља за Маричиќ, но и за сите во ненародната Влада, е непостоечка, тој ги навредува сите и пратениците и граѓаните кои масовно се противат токму на исполнувањето на тие „обврски“ кои се понижувачки за секого освен за него, СДС и ДУИ.
Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие партии и самиот Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира.
Македонските социјалисти заедно со народот ги осудуваат неумерените и навредливи изјави кои и нанесуваат штета на угледот на државата. Предавниците мора да си одат и да одговараат за велепредавство.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Тошковски: Во 2025-та сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
-
Герасимовски: Во Центар почнавме нова приказна, нека ни е среќна и успешна новата 2025 година
-
Тошковски-Мисајловски: Да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава
-
Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот
-
Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
-
Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата одлучи да му префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје
-
Новогодишна честитка од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски
-
Песна што носи љубов и надеж