СПМ: Промена на Устав е внатрешно прашање на секоја држава
Социјалистичката партија на Македонија смета дека барањето на Милков, министерот за надворешни работи на Бугарија да учествува нивен претставник во работната група што ќе го подготвува текстот на измените на Уставот е несериозно и нелигитимно барање.
Промена на устав е внатрешно прашање на секоја држава.
Устав пишуваат странци само кога државата е поробена или поразена во војна.
Ова е дрско, безобразно и неприфатливо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, со што се потврдува непринципиелноста на бугарската страна и отворено се девалвира формата на добрососедство соддржана во Договорот.
Дотолку повеќе што Милков непосредно разговарал со неосознаениот министер Османи.
Ова веднаш треба да се отфрли и да се даде негативен одговор, но потребно е Османи да даде одговор со кое право воопшто прифатил разговор на оваа тема.
Македонски претставници не биле поканети во ниту една соседна држава да учествуваат во пишување закони, а најмалку за устав. Доколку нема реципроцитет во градењето на односите за вакви и други предлози не треба да се дискутира.
Ароганицијата на Милков произлегува од неспособноста на Османи и Ковачевски да си ги уредат прашањата за кои презеле обврски. Народот ги осудува како недораснати и неспособни за функциите што ги вршат.
Социјалистичката партија на Македонија заедно со партнерите во Колицијата "Обнова на Македонија" со право ги отфрлаат иницијативите за промените на Уставот како штетна уцена од бугарската страна.
Барањето на Милков е уште едно од низата предавства на кои се спремни да ги направат СДС и ДУИ само да продолжат кеиминално да владеат.
ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1