СПМ оценува дека Владата на Ковачевски нема разбирање за легитимните барања и протести на пензионерите

Власта не се грижи и не нуди решенија за осиромашените пензионери кои ги трпат последиците од погрешните политики и лаги на премиерот и министрите.
Неспособниот Ковачевски заедно со министерката Тренчевска ги потценуваат пензионерите, ги етикетираат, оставајќи ги на маргините на општеството. Најголемиот дел од нив живеат во беда и мизерија, за што масовно и оправадано протестираат.
Со таквата политика власта на СДС и ДУИ станува фактор за нестабилност што ги загрозува егзистенцијата и опстанокот на пензионерите.
Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува пензионерите на праксата на СДС редовно да ги поткраднува и измамува, а со оваа влада безмилосно да ги ограбува и со газење на човечкото достоинство.
Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија укажува дека зголемувањето на пензиите особено за најзагрозените категории е неопходно бидејќи инфлацијата сурово ги казнува и ги принудува да се борат за елементарни права и за сопствено преживување. Последиците од лошите економски политики на владата и непромислениот квинтет Ковачевски, Битиќи, Бесими, Бектеши и Тренчевска со нивните инфантилни економско социјални мерки и во делот на финансиите и фискалната политика се високата инфлација која ги преполови пензиите.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека и покрај масовните протести на пензионерите власта ги лаже и убедува дека стандарот им пораснал, додека за власта најважни и се тендерите и профитните зделки од кои бездушнио краде.
Власта врши предавства и за државата и за народот кој масовно протестира и бара смена.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека пензионерите и граѓаните треба добро да го запомнат однесувањето на СДС и ДУИ и на изборите кои доаѓаат жестоко и безмилосно да ги казнат за негативните политики и состојби во кои се доведени заради високата инфлација и несоодветниот модел на раст на економјата и на пензиите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се прилучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
