Македонија
28. February 2023 - 10:23

СПМ: Нека проба Ковачевски да живее со минимална плата за да доживее што се случува кај граѓаните

Социјалистичката партија на Македонија проследувајќи ги настапите на Ковачевски пред Собранието на Македонија во изминатите денови ги цени како бледи и лажни убедувања од нелегитимен премиер.

Дека политиките на власта носат резултати и раст на платите се замајување на граѓаните дека сè, ама баш сè, во државата е успешно.

Нејасно е како овој економист не согледува колкав е растот на реалните плати и тоа не го прикажува. Во услови на двоцифрена инфлација, која не запира, растат номиналните плати, но инфлацијата ги обезвреднува.

Парите ја губат вредноста заради инфлацијата и незапирливиот раст на цените. 

Вработените, пензионерите, студентите добиваат помалку реално од тоа што им се исплаќа како нето плата или пензија, односно стипендија.

Тој податок е многу важен зошто реално платите се намалени, а не се зголемени.

Убедувањата дека ќе биде подобро, ќе расте минималната плата и ќе се случат само развојни резултати се неубедливи особено ако доаѓаат од личност што ја предводи нелегитимната и најнеуспешната власт во државата.

Нека се обиде Ковачевски со семејството да живее со минимална плата за да го доживее и проживее тоа што се случува кај мнозинстовото граѓани.

Елитистичките погледи и приходи кои ги добива ги замаглуваат реалните ставови и погледи и така станува бесчувствителен кон потребите на граѓаните.

Политичките пазарања и реконструкцијата што се прави власта се обидува да ги покрие со настани и лаги преку медиумите кои максимално работат за нив.

Замајување од таков вид се и најавите дека ќе замрзнат цените на лебот, небаре од тоа ќе им се подобри стандардот на осиромашените граѓани. 

Премиерот ги заборавил основите на економската логика и на понудата и побарувачката дека во услови на пазарни ограничувања настанува недостиг на производите.

Пекарите најавија дека нема да работат со загуби и бараат субвенции,  но тоа не и се слуша на владата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека многу лесно може да се дестабилизираат економските и развојните текови во државата токму од несистемските и лажни мерки кои ги донесува актуелната власт.

Затоа власта мора да си оди и да овозможи градњето на реални системски мерки од експерти кои се неопходни за раст и развој на државата.

Социјалистичка партија на Македонија