СПM не е изненадена од одлуката со која Јакимовски и Јанева се ставени на Црната листа на САД

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција.
Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации.
Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара.
Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.
Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош.
Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство.
Ново на Сител
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
