СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека народот со масовната излезност потврди дека си ја сака Македонија и сака да ја направи повторно горда и повторно своја.
За Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ од СДС неуспехот во првиот изборен круг е заради национализам, популизам и ксенофобија што тие ги гледаат кај опозицијата. Но токму тие треба да се погледнат себеси во огледало и да се соочат со народот и народната воља, што тие ги потценуваат, а за грешките мора да си одат и да одговараат.
Антиевропските и антимакедонските СДС и ДУИ потајно работат на модели да не успеат изборите за да може да се избира претседател во парламентот, како што сака ДУИ, или да има уставна криза. Постизборниот инжењеринг на кој се надеваат нема да успее.
Социјалистичката партија на Македонија ги предупредува криминалните партиски авантуристи во СДС и ДУИ дека народот тоа нема да го дозволи, ќе ги запре предавничките политики, ќе ги отстрани и ќе се пресмета со овие нечесни политичари кои не и сакаат добро на својата земја.
Изборите на 8 мај се историска шанса Македонија да биде каква што ја сака народот. Народот бара промени и тоа јасно го порачува со изразените огромен број гласови.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на македонско национално и државно единство и со масовна излезност да ги победиме корумпираните политичари од криминалните СДС и ДУИ.
Да ги запреме погрешните политики и националното понижување кое овие анационални партии го направија.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството
-
Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, во чест на 9 Мај
-
Српските медиуми за изборните резултати и победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова
-
Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии
-
Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
-
Митрески го чека извештајот од ДИК и ќе закаже седница за инаугурација на Сиљановска Давкова во недела во 12 часот
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево