СПМ: Катастрофалното менаџирање на власта со институциите руши цели системи

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека катастрофалното менаџирање на власта со институциите руши цели системи, елементи што ги сочинуваат, доведувајќи ги во состојба на подоптималност.
Нефункционирањето на образованието, на здравството, на судството, транспортот, како и лошите политики во областа на економијата, финансиите, земјоделството, културата, безбедноста, одбраната и во другите области доведоа до масовно исселување на граѓаните. Државата ги осиромашува граѓаните по сите основи и ги принудува да бараат егзистенција во други држави.
Расте севкупното незадоволство изразено преку протести и штрајкови.
Сè додека нејнеспособниот премиер Ковачевски се труди да покаже дека нешто работи тој ѝ нанесува штета на државата Македонија и на најголемиот дел од граѓаните, освен на членовите на неговиот мафијашки клан.
Социјалистичката партија на Македонија цени дека власта е во функција на криминалот на ДУИ и СДС за нивно неограничено богатење за сметка на парите собрани од граѓаните.
Постојните 20 министри, 16 министерства, 40 органи во состав и неброени агенции, секретаријати, комисии и што уште не треба да се во функција да испорачуваат услуги на граѓаните, а тие се незадоволни затоа што имаат само товар од обврски да ги плаќаат овие подоптимални системи.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека владата што не е во функција на потребите и интересите на граѓаните мора да си оди и на итни избори да се изберат национално определени личности кои оптимално ќе ги уредат системите и ќе ја водат државата и институциите.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
