СПМ ја почитува определбата на мнозинството граѓани за јасната поддршка за членството во ЕУ
Социјалистичката партија на Македонија ја почитува определбата на мнозинството граѓани и политички партии во Македонија за јасната поддршка за членството во Европската унија.
Социјалистичката партија на Македонија како европска партија со над сто години политичко присуство и со промоција на социјалистичката мисла во Македонија се згрозува од негативните квалификации, паушално дадени во медиумите за Коалицијата "Твоја Македонија" и наводното противење на ЕУ.
Нејасно и срамно е толкувањето од примитивно малограшанските апологети и медиуми на СДС и ДУИ дека само опозициската Коалиција нема капацитет ниту план за европска иднина. Тие свесно го трујат народот со дезинформации и лажни вести, како и со хибридни закани кои ги измислуваат. Главните кочничари СДС и ДУИ се најголемите виновници за блокираниот евроинтегративен процес, па оттаму земањето за право да се сметаат за проевропски ориентурани партии претставува солена шега за засмејување на јавноста.
Срамни се и креираните недокажани обвинувања за личности и партии кои се со најголем рејтинг во Македонија и кои се со европска ориентација и програмски определби што може, секој што сака, да ги види.
Дејствувањето на сите од Коалицијата како и Програмата за избори, "Платформа #1198" се јасни докази и потврди за Европската ориентација на Коалицијата "Твоја Македонија".
Затоа Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува потребата граѓаните на изборите да им дадат максимална поддршка на кандидатите на Коалицијата "Твоја Македонија" која има капацитет да состави проевропска влада и да ја внесе државата во ЕУ.
Истовремено граѓаните треба да ги осудат и да ги казнат кочничарите на европскиот пат на Македонија, СДС и ДУИ кои се борат само за да продолжат со криминалот и корупцијата и за спас од заслужената казна. Нивното време неповратно помина, а за злоделата мора да одговараат.
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден