СПМ: Изјавата на премиерот дека нема одлагање на измените на Уставот е последен крик на човек кој го губи тлото под нозе
Социјалистичката партија на Македонија изјавата на премиерот дека нема одлагање на измените на Уставот ја оценува како последен крик на човек кој го губи тлото под нозе. Впечатокот е Ковачевски како да не живее во реалноста. Со самото тоа што зборува за одлагање тој признава дека постапката е невозможна. Ниту пратениците во Собранието ниту политичките партии немаат добиено мандат од гласачите, особено не од македонскиот народ, за било какви уставни имени. Најмалку нелегитимниот премиер кој е поставен без негова потврда на непосредни парламентарни узбори.
Измените на Уставот не се почнати, блокирани се и со тоа се веќе одложени зошто не се возможни во овој парламентарен состав.
Социјалистичката партија на Македонија заедно со Коалицијата „Обнова на Македонија" е цврсто решена да опстои на своите принципиелни и легитимни ставови кои значат одбрана на уставноста и дигнитетот на Македонија.
Ковачевски не ги слуша ниту пратениците кои потврдија дека нема да гласаат за измените. Едноставно тој им подготвува уцени, закани и разни форми на притисоци за да ги принуди да го сменат својот став. Тој нема мнозинство за уставни измени и не сака да го прифати овој факт, а нема согласност ниту од пратениците во неговата пратеничка група.
Премиерот не ги слуша ниту граѓаните кои во огромно мнозинтво се изјаснуваат дека се против озмените во Уставот.
Што е тоа што го тера најнеспособниот и преку ноќ интронизиран премиер да тврди дека нема одлагање на измените на Уставот?
Тоа е неговото незнаење и самонабеденост дека може да направи се и сешто, а прашање е дали го бива за нешто.
Потврдува дека е политички неопитен и инфериорен со ваквите изјави. Тој е некооперативен и нема мандат ниту доволен капацитет да менаџира со државата.
Штетата која тој и ја направи на Македонија ќе ја чувствуваат и сегашните и идните генерации. За тоа се одговара и пред граѓаните и пред историјата.
Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика повторува дека без итни парламентарни избори нема стабилност во државата.
Само избрани и лојални граѓани кон својата држава може да ја претставуваат во власта и да ја изведат на правиот пат и стартешки да ја јакнат и развиваат.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички