СПМ: Груби лаги се инсинуациите дека лица од македонската опозиција, меѓу кои и лидерот на СПМ, се бугарски граѓани
Во целосна немоќ бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов сиот гнев се обиде преку фб пост да го истури врз опозицијата во Република Македонија, како единствена која ги брани националните интереси на македонската држава и која застана во заштита на Македонците во соседните држави.
Обидот да се инсинуираат лица од македонската опозиција, вклучувајќи го и претседателот на СПМ, дека се бугарски граѓани само уште еднаш го покажа моралниот капацитет на овој човек која редовно се служи со невистини и користи груби лаги.
Можеби е подобро тој Бугари да побара меѓу неговите овдешни пријатели и оние кои неговите политики ги премолчуваат или ги поддржуваат.
Социјалистичката партија на Македонија не очекува никаква реакција од оваа Влада затоа што веројатно токму таа е инспираторот на фабрикувањето невистини и промотор на лажните вести со кои се цели да се сокријат коруптивните афери и скандали, кои секојдневно се случуваат пред очите на македонската јавност.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу
-
30 години Сител со Драган Павловиќ Латас
-
30 години Сител со Ивона Талевска - Боја на парите
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори