Македонија
2. May 2023 - 10:24

СПМ: Дезориентираниот Груби се дозаплеткува во сопствените лаги и конфабулации

„Социјалистичката партија на Македонија оценува дека дезориентираниот Артан Груби се дозаплеткува во сопствените лаги и конфабулации. Прашање е колку и кого лаже Артан Груби за коридорите 8 и 10д, и дали сам си верува во сопствените и лагите на премиерот Ковачевски дека ова е завршена работа и ништо не може да се промени.

Експерти во градежништвото ценат дека криминалниот договор прескапо ќе ја чини македонската држава со што интересот за лажење на Груби се сведува на личен и лукративен. Споредбата со градбата на патишта во Србија потврдува дека Македонската влада, без тендерска постапка и во четири очи, го склучила најлошиот и најскап таен договор.

Оттаму затечената и уплашена власт договорот не го доставува до пратениците, но затоа го задолжув собранискиот претседател преку ткн.координативни состаноци да го изамортизира опозицското барање и притисокот од јавноста. Со бсрање на соодветно тело иако Комисијата за транспорт о врски е единственото соодветно.

Неодговорната власт нема проект, нема дефинирана траса, нема студија за финансирање, нема студија за изградба и работа, нема ниту студија за оценка на влијанието врз животната средина и за социјалните аспекти, нема студија за водите, за шумите, отпадот при градењето, за користењето на сите ресурси и се што се бара според европската методологија за инвестирање.

Оваа криминална власт нема ништо, додека проблематичниот Груби безобразно лаже дека сето тоа ќе се прави откако ќе се даде авнас на Конзорциумот.

За оваа власт најважни се парите и провизиите.

За инфраструктурни проекти во Македонија Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка секогаш давале поволни средства, но нивните политики, процедури и надзор се познати и затоа не се споменуваат дека ќе учествуваат во финансирање на коридорите. Токму од тие причини парите ќе треба да ги плаќаат само граѓаните и компаниите од Македонија, за да се остане без контрола и надзор во изведбата и трошењето на народните пари.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија на македонската јавност и укажува на грабежот на векот, потсетувајќи дека без соодветни документи и без процедури ниту една европска финансиска институција не би одобрила исплата на толкави износи на финансиски средства, за разлика од криминалците од власта кои државата ја имаат сведено на извор за задоволувањето на личните потреби и интереси без никаква контрола и без одговорност.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека власта се менува и наскоро ќе се откријат сите лаги, коруптивни и криминални дејства што се планирани за градба на делови од коридорите. Сторителите на овие злодела Груби и Ковачевски, заедно со сите инволвирани лица мора да одговараат и да бидат казнети затоа што работат против сопственета држава и народ и ги уништуваат граѓаните на долг рок“, се вели во соопштението од СПМ.

 

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ