СПМ: Безрезервна поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова
Социјалистичката партија на Македонија го изразува задоволството од изборот на проф. Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за Претседател на Републиката, имајќи ги во предвид меѓусебните коалициони разговори, кои претходеа, за профилот на личноста со изграден авторитет, знаење и способност, личност која ќе може да ги обедини сите граѓани во Македонија.
Ние сметаме дека нејзиниот избор е резултат и на изграденото внатре партиско единство и сплотеност, како и на коалиционото разбирање и взаемно почитување. Особено што за избраниот кандидат безрезервна поддршка изразија и останатите, не помалку квалитетни кандидати, со што ја покажаа својата висока свест, морал и ширина, препознавајќи ги повисоките интереси и цели.
Сето тоа претставува и потврда на највисокиот степен на демократски капацитет изразен на самата Конвенција. Покажана е зрелост, сериозност и пред сè одговорност за националните и државните интереси, како предвесник за нужните промени кои ќе се случат.
Во овие тешки времиња Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите демократски и слободољубиви граѓани на Македонија на обединување и поддршка на личноста со неспорен интегритет, со вредности и принципи за правда и праведност кои никогаш нема да ги напушти. Таа, како искрен родољуб, нема да го погази Уставот и законот и ќе ги сруши етничките бариери, ќе ги надмине внатрешните подделби, обединувајќи ги спротивставе-ностите.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата на проф. Гордана Силјановска-Давкова и победата на претстојните Избори за Претседател на Републиката ќе претставува големо охрабрување, дополнителен мотив и поттикнување за нова изборна победа на следните предвремени парламентарни Избори.
Социјалистичката партија на Македонија го повикува своето членство, симпатизерите и поддржувачите на безрезервна поддршка на кандидатурата на проф. Гордана Силјановска-Давковаза Претседател на Републиката, а останатите политички партии, без калкулации, да се вклучат во поддршката и изборот за доброто на државата и националните интереси.
Ново на Сител
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија