СПМ бара оставка од министерот за здравство Меџити
Социјалистичката партија на Македонија со изненадување ги проследи неколкуте последователни одлуки на министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој не ги почитува ниту Уставот ниту законите ниту граѓаните. Работи на штета на македоснките граѓани, дури и ги убедува дека е тоа за нивно добро.
Социјалистичката партија на Македонија бара оставка од Фатмир Меџити заедно со неговиот ментор премиерот Ковачевски бидејќи тој не се огради од неразумните одлуки на својот министер.
Меџити се однесува ројалистички со изјавите дека никој не смее да ги коментира неговите министерски одлуки кои се катастрофално штетни.
Со акти што не се потврдени со закон во парламентарна постапка Меџити ги изедначува правата на странски државјани, а на штета на македонските граѓани и на нивните права и средства за здравствена заштита. Тој не зборува за реципроцитет на правата туку сака да им угоди на државјаните на Косово и Албанија за кои цени дека кај нас не се странци.
Разрешувањето на врвен кардиохирург од страна на Меџити и најавата дека веќе разрешил над 20 директори на здравствени установи се акти на субверзивно дејствување и за уништување на здравствениот систем.
За таквото дрско и безобразно однесување Меџити мора да си оди.
Тоа го бараат мнозинството граѓани, а најмногу здравствените работници против кои тој работи.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија повторува дека Меџити заедно со Кавечевски мора да си одат од власта за доброто на граѓаните и државата и на итни избори да се одберат нормални поединци кои знаат како да водат држава и се грижат за своите граѓани.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока